fbpx

Царовска: Го вративме достоинството на најранливите, направивме праведна држава ќе направиме и правна држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска вечерва на мини трибина во центарот на Скопје истакна дека социјал-демократскиот сојуз е партија којашто покажа и докажа дека се грижи за сите граѓани подеднакво.

„Покажавме дека се грижиме за лицата со попреченост. Не само декларативно да се купат за избори туку го променивме нивниот живот, животот на нивните родители, но и на променивме и општеството, начинот на којшто виде и ние и вие ги гледаме овие лица и децата. Направивме трансформација и тоа го правиме во секоја тема којашто ја дискуртираме во општеството. Ние зборуваме за темелни промени и тоа го можеме.Затоа што ние веруваме дека ние сме генерација којашто треба да ја донесат промента и со нашите постапки правиме праведна држава и праведно општетство“, истакна Царовска. Царовска рече дека Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите, воведе три пати повисока социјална помош и ги зголемивме пензиите.

„Го вративме достоинството на граѓаните кои со години беа гледани како некој којшто треба да остане на маргините. Сега пред нас имаме уште поголем предизвик, уште поголема битка и борба, а тоа е да направиме правна држава којашто ќе го гарантира квалитетот на живот на сите . Ќе даде моќност за раст на реалниот сектор, на бизнис секторот. Во идната програма ветуваме зголемување на минималната плата до 40% по ковид периодот , зголемување на просечната плата до 30%. Нова минимална пензија од 10.700 денари. Нема да има пензија под оваа сума и 300 милиони евра од Буџетот кон реалниот сектор и дополнителни 300 милиони евра од евроспките програми коишто ни стојат на располагање благодарение на претедателот Заев и колегата Димитов коишто навистина покажаа дека можат да ги тргнат сите препреки коишто ни стоеа на патот кон ЕУ“, рече Царовска.

Последни вести