Соопштение за јавност
Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска и кандидатката за пратеничка од Македонски Брод Анета Симеска Димоска денес со младите од Македонски Брод разговараа за се она што го нуди програмата на коалицијата Можеме за претстојните избори но и за она што е направено за младите изминатиот период.
„Државата ќе нуди грантови до 15.000 евра за отворање на сопствен бизнис, а ќе ги ослободиме од плаќање и сите новоформирани компании под 29 години и жени”, рече Царовска.
Изминатиот период направивме многу за јакнење на младите. Воведовме младинска гаранција со која ја зголемуваме вработливоста на млади лица.
„Воведовме младински додаток и околу 6.000 лица вработени во производствената дејност веќе неколку месеци земаат по 3.000 денари плус на плата”, рече Царовска.
Царовска истакна дека Социјал-демократскиот сојуз е партијата којашто вистински се грижи за младите и ги повика да гласаат за коалицијата Можеме на 15 јули.