Соопштение за јавност
Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, денеска имаше средби со млади и со пензионери во Куманово.
На средбите се разговараше за проектите и мерките коишто се преземени и коишто во следниот мандат ќе се преземат, за перспективна, сигурна, европска иднина на граѓаните – дома, во родната земја.
„Нудиме нова, развојна македонска економија која носи стабилност и шанса за сите. Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти“, потенцираше Спасовски во своето излагање.
„Во Програмата на СДСМ, предвидуваме нова мерка за поддршка на младите, поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години, во првите две години. Парите ќе одат директно на сметка на младите“ најави носителот на листа Спасовски на средбата со младите.
Им кажа дека ќе обезбедиме раст на просечната плата до 30 проценти, или 34.000 до крајот на мандатот, раст на минималната плата од 14.500 денари на 20.000 денари до крајот на мандатот и дека сме посветени на иновативна, дигитална држава, којашто го поддржува креативниот дух и новите идеи на младите.
На средбата со пензионерите, Спасовски рече дека се обврзуваме на нова повисока минимална пензија за да нема пензионер што ќе зема помалку од 10.700 денари.
„Бидејќи висината на пензиите е директно поврзана со растот на платите, а нашата цел е раст на платите во следните 4 години, тоа значи отворени можности и сигурен раст на пензиите“ објасни Спасовски.
Носителот на листа Спасовски и на двете средби најави брза трансформација на економијата.
„Се обврзуваме дека ќе ги поддржиме домашните и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра и на износ за странски инвестиции од најмалку една милијарда евра, до крајот на мандатот – инвестиции засновани на иновации и одржливост на бизнисите. Со оглед дека во следните 4 години, до 2024 година, очекуваме да отвориме 80 проценти од поглавјата за интеграција во Европската унија, тоа ќе значи и 2.5 милијарди евра од европските фондови, за нашата држава“, додаде носителот Спасовски.
„Од ВМРО-ДПМНЕ се закануваа, уценуваа, ставаа клуч на врата на фирми, го делеа народот, се караа со соседите и со светот, државата меѓународно ни ја изолираа и се уште немаат став за ниту едно важно прашање од граѓански и државен интерес“, посочи Спасовски.
„Партнерството во НАТО, домашните пријателства, регионалните пријателства, добрососедските односи, европските интеграции, нашето одговорно однесување кон државните стратешки интереси и кон интересите на граѓаните значат извесна сигурност за државата и за економијата и егзистенцијата на секое семејство и секој човек“ порача носителот на листа во ЕИ 2, Оливер Спасовски на средбите со млади и пензионери во Куманово.