fbpx

Димитров и Каевски: 16 милиони за спортски ваучер и стаж за спортистите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Денеска во Општина Кисела Вода, Никола Димитров, носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода.

„Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во спортот се истовремено и инвестиции во здравјето.“ – рече Димитров на почетокот на средбата.

Вложувањата во спортот продолжуваат и понатаму, спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот кој значително го подигнува нивото за развој на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови во моментов изнесува 10 милиони евра, кои веќе се распределени кон спортските федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти, преку системот спортски ваучер за 2020 година.

„До крајот на 2024 година овој фонд ќе се зголеми и истиот ќе изнесува 16 милиони евра. На овој начин клубовите и федерациите можат да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на нивните програми“ – рече Димитров.

„Во програмата на коалицијата „Можеме“ се предвидува и признавање на стажот на спортските работници, на овој начин тие ќе бидат обезбедени и по завршување на нивната спортска кариера“ – рече Каевски.

На средбата се зборуваше за капиталните инвестиции во спортската инфраструктура кои што се реализирани во последните три години, меѓу кои:

– Реконструкции на повеќе од 20 спортски објекти низ земјава,

– Изградба на 14 затворени пливачки базени од кои 6 веќе се градат,

– Како и изградба на 10 кошаркарски игралишта во 10 општини.

 

Последни вести