Соопштение за јавност
Носителката на пратеничката листа на Изборната Единица 2, од коалицијата “ Можеме”, Сања Лукаревска, денеска е во посета на општина Арачиново. Лукаревска информираше за економската понуда од програмата “Можеме” и кажа дека во новиот мандат ќе е отворат нови работни места, ќе се обезбедат повисоки плати и пензии.
“Во изминатите три години, градиме општетство еднакво за сите. Права, правда, услови и можности сите граѓани подеднакво во држава која напредува во секој поглед.
Направивме пресврт на подобро. Денес се обврзуваме на нови цели пред граѓаните, бидејќи знаеме и умееме. Имаме решенија за иднината. Преку брза трансформација на домашната економија, креираме нови работни места.
Нашата понуда обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.
Градиме нова развојна економија и поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони, што ќе придонесе за уште поголем пад на невработеноста.
Успеавме и во тешка криза предизвикана од Covid-19, да ги зачуваме работните места, со економските владини мерки. И по 15 јули ќе продолжиме да ги штитиме работниците и нивното работно место, а по завршувањето на кризата неврабоптеноста ќе ја намалуваме на ниво од 3 % годишно.
Во новиот мандат, платите ќе продолжат да растат и до крајот на 2024 година, минималната плата ќе изнесува 20.000 денари, додека просечна плата ќе биде 34 000 денари.
Пензиите ќе растат заедно со платите, а најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %”, рече Лукаревска.