fbpx

Шахпаска: За три години направивме големи исчекори во родовата еднаквост,социјалната реформа и реформата во пензискиот систем, за следните 4 години МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Вечерва ќе говорам за она што ја претставува мојата вокација и за она што се залагав во македонското собрание изминативе години. Тоа е родовата еднаквост,социјалната реформа и реформата во пензискиот систем. Тоа се три области во кои ние како социјалдемократи направивме историски скок.–посочи носителката од ИЕ 3 Јагода Шахпаска на граѓанската трибина во Велес.

Ние сме генерација на пратеници која многу силно се бореше за ратификација на Истанбулската конвенција, која се базира на спротивставување на родово и секаков друг облик на насилствовои општеството. Таа е ратификувана но нејзината имплементација зависи од нејзината законска регулатива која како задача ни остана за следниот мандат.-истакна Шахпаска.

Нов закон за мобинг и санкции за извршителите на истиот, ослободување на жените од стереотипни обврски во семејството и нејзино изедначување во правата и можностите како и мажите, се дел од она кое го нуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за следниот мандат.

Опфатот на деца во градинки го зголемуваме за 7500 деца, ќе ја продолжиме успешната приказна на реновирани 43 градинки, како и вработување на нови негователки и воспитувачки. Ја покачивме платата на негователките од 14.500 на 20.000 денари, а воспитувачките денес добиваат плата рамна со високото образование.

Шахпаска зборуваше и за мерките и политиките кои се од особено значење за жената. Тоа е најлибералниот закон за прекин на бременоста, кој и остава можност на жената да одлучува за себе, колку деца и со кого ќе ги има без предрасуди ниту влијание како тоа што беше правено од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека навистина е историски исчекор, кој го нема направено ниту една партија досега е и 50-50 % учество на листите за пратеници и активно учество на жената во политиката.

Нема да застанеме на 5000 согласности, 780 вработени доктори и 1000 сестри, продолжуваме понатаму ги поддржуваме специјализанти со цел да ги задржиме, дома. Штотуку дипломираните доктори со лиценца добиваат платена работа.-истакна Шахпаска.

Никој не е заборавен , па така и продолжуваме со грижата за лицата со попреченост. До 2021 за 21 % ќе се зголеми додатокот за лицата со попреченост и ветуваме дека нема да постои институција која нема да биде достапна за нив. Таа ги спомна и формирањето на мали групни домови, како во секое семејство, со топлина и пристоен живот. –порача Шахпаска.

Пензионерите пак конечно со доаѓањето на оваа власт го добија и законското усогласување, а во следниот мандат проектиравме зголемување на минималната пензија за 21 %. Тука е и социјалната пензија, 6000 денари кои можеби не се многу,но многу значат за оние кои до вчера не земале ниту денар.-посочи Шахпаска.

Таа сосема на крајот порача граѓаните да излезат на 15 јули, почитувајќи ги сите протоколи, и го дадат својот глас затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе и уште подобро!

На 15 јули да ја славиме победата на коалицијата МОЖЕМЕ!

Последни вести