Изјава за медиуми, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ и носителка во ИЕ 5
Заменик претседателката на СДСМ, попладнево во Охрид разговараше со охриѓани за приоритетите на СДСМ во областа на инфраструктурата и туризмот. Притоа го презентираше досега сработеното а ја претстави и изборната програма на коалицијата „Можеме“.
Во изјавата за медиумите таа потсети на огромната опасност со која се соочува Охрид и охридското езеро за губење на статусот во УНЕСКО и меѓудругото изјави:
Охриѓани памтат кој го доведе Охрид и охридско во опасност, паметат дека кога можевме да го изгубиме статусот на УНЕСКО, молчеа и Мицковски и Дурловски.
Тие двајца беа неми извршители на планот на нивниот ментор Груевски да го претвори Охрид во нов Лас Вегас. Денес охриѓани може да бидат мирни, нивните злодела заминаа во историјата а статусот во УНЕСКО го браниме по секоја цена. Никој не е над законот.
Тоа го покажуваме секој ден. Општината Охрид секој ден го ослободува узурпираното крајбрежје. За прв пат нашата влада го донесе планот за управување.
Според УНЕСКО, тој требало да биде донесен уште во далечната 2009. Ние ги послушаме експертите и граѓаните. Се што беше добро предложено беше прифатено. Со Албанија работиме мерките да се спроведуваат на двете страни на границата.