fbpx

Шахпаска од Кратово: Продолжуваме да ја градиме нашата земја по европски пример, современа инфраструктура за современа држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Носителката на ИЕ 3, Јагода Шахпаска денеска од Кратово, како еден од најстарите градови на Балканот, препознатлив по средновековните кули, подземни тунели, мостови и најстарите борови порача, „ да си го чуваме старото – историското, но и да си ја градиме и модернизираме државата.“

„За изминативе три години, нашата држава стана едно големо градилиште. Се градеа патишта, водоводни мрежи, канализации, мостови.

Но, не застанавме. И во вонредни околности продолживме со капиталните проекти и тоа со забрзана динамика.

Затоа што така и помагаме на економијата во многу важен период.“ –истакна Шахпаска.

Како инвестиции кои моментално се прават во Кратово таа ги посочи санирањето на мостот над Кратовска река, каде истовремено се работи и на коловозот и на пешачките патеки, но и реконструкција на пристапниот пат до Центарот за брза помош, а во план е и санирање на свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип.

„Поврзувањето на селата со градовите со патишта, со соседите преку автопатите и отворањето на гранични премини е од клучно значење и за граѓаните и за државата.

Затоа, продолжуваме да градиме 260 км автопати, 300 км експресни патишта, 900 км локални патишта. А рехабилитираме повеќе од 1.500 км постоечки патни правци.“-истакна Шахпаска.

Како веќе реализиран проект го посочи автопатот Миладиновци-Штип, а патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани ќе бидат пуштени во употреба во следниот период.

Како дел од новата понуда на СДСМ ,Шахпаска ги посочи капиталните инвестиции во зелена, самоодржлива и енергетски ефикасна иднина, гасификацијата во државата, менување начинот на греење и енергетски ефикасни фасади на јавните институции, но и пречистителни станици со цел обезбедување на чиста вода за земјоделските полиња, како и градење на регионалните депонии за отпад.

„Наследивме хаос во неплански и недомаќински планови за патишта, трошоци за санирање на штетите, промашени траси, некомплетни проекти. Но го поправивме тоа и не запираме додека не изградиме современа држава.“-истакна Шахпаска .

Таа им порача на граѓаните дека СДСМ и коалицијата „МОЖЕМЕ“ , можат уште подобро и уште повеќе.

Последни вести