Изјава за медиуми, Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
Општината Гази Баба е пример како ние градиме, а ВМРО-ДПМНЕ мислеше само како да краде.
Јурумлери, за прв пат после 20 години добива фекална канализација и се ослободува од црна кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо освен што им ги крадеше парите за својата Бела палата.
Ние изградивме Вакуум станицата за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид Македонија, првата фаза е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци.
ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните.
За прв пат по 20 години централната власт подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра.
Владо Мисајловски доаѓа да се шета овде, но нема објаснување зошто кога седеше во Владата на Груевски како министер за транспорт и врски не се заложи за канализација во Јурумлери, за водовод во Раштак, за водовод во Булачани каде сега се вложува, а тие ги оставија луѓето без вода во 21-от век!
Само во изборната единица 2 со инвестиција од 48 милиони 585 илјади и 698 денари – се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта.
Низ целата држава се градат 260 киломентри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации.
Направивме пресврт и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебови на режим.
ВМРО-ДПМНЕ ги краде парите на граѓаните, а ни Мицковски, ни Мисајловски не знаат економија.
Ние овозможуваме брза развојна економија, можеме уште повеќе и уште подобро и затоа на 15.јули продолжуваме во сигурна иднина, заедно напред.