fbpx

Спасовски од Јурумлери: Ние градиме 777 социјални станови за засегнати граѓани, а режимот и со социјални станови правеше злоупитреби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево е на средби со граѓани во скопската општина Гази Баба.

Со жителите на Јурумлери тој зборуваше за грижата за сите, за инвестициите во инфраструктурата подеднакво и во населените места и селата и во градовите, за големата поддршка што за прв пат после 20 години ја добива општината Гази Баба од централната власт, каде претходно владееше ВМРО-ДПМНЕ и ги остави луѓето без основната комунална инфраструктура и за Програмата на СДСМ каде се планираат нови големи вложувања.

„Ветивме во Јурумлери фекална канализација и за прв пат после 20 години ја добивате, изградена е Вакуум станицата, продолжува втората фаза со приклучувања на сите улици и домаќинства. Што се однесува до патната инфраструктура, само во изборната единица 2, со инвестиции од 48 милиони 585 илјади и 698 денари се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта“ рече Спасовски.

„Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Направивме пресврт, ние градиме, тие крадеа“, додаде Спасовски.

На средбите тој најави и вложувања во објекти за социјалните категории граѓани.

„Градиме 777 социјални станови. Тие ќе бидат за засегнатите граѓани, на кои им треба ваква поддршка од државата, а режимот правеше злоупотреби и со социјалните станови за партиски цели“, рече Спасовски.

„Ние овозможуваме брза развојна економија бидејки вложувањата во капитални проекти тоа го овозможуваат и бидејки сме сигурна држава за инвестирање. Можеме уште повеќе и уште подобро и затоа на 15.јули продолжуваме во сигурна иднина, напред, заокружете 3“, повика Спасовски во Јурулмери.

Последни вести