Изјава за медиуми, Сања Лукаревска, носителка на листата во ИЕ 2
Почитувани,
Денеска Социјал демократскиот сојуз е со граѓаните во Гази Баба. Дојдовме да поразгоравме со граѓаните како да продолжиме,
да разговараме за иднината, а слушнавме дека генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ се заканува со бокс на жена.
Кому тие велат “Исправи се”
кога се чукаат во гради? Како и кого ќе исправат? Така што ќе удираат жени со бокс во лице? Тоа што го слушнавме од генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Јанушев е за најголема осуда. Лицемерна политика, лаги и манипулации е нивниот начин. Насилството е апсолутно
недозволиво.
Парламентарното мнозинство на
СДСМ и на коалицијата му кажаа НЕ на насилството кога го изгласаа новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој што целосно е усогласен со Истанбулската конвенција. Најголемо НЕ за насилството, НЕ овде, НЕ било каде!
Ние градиме модерна иднина,
со луѓе со идеи за позитивни промени. Градиме систем, градиме инфраструктура.
Секој ден градиме врски.
Ќе ги подобриме патните врски
во земјата и со регионот, со изградба на 260 километри автопатишта, 300 километри експресни патишта, а го продолжуваме и проектот „Македонија без кал”. Ќе изградиме уште 950 километри локални патишта.
Како одговорни луѓе, парите
на граѓаните ги насочуваме кон нивните вистински потреби.
За три години се изградени преку
400 километри водовод и канализација, а ќе изградиме уште 500 и ќе вложиме дополнителни 100 милиони евра за сите општини.
Ако пред 2014- та ги прашаа
граѓаните, веројатно ќе кажеа НЕ за расфрлање на 800 милиони евра на стиропор, лажен барок и споменици. Социјал демократскиот сојуз планира заедно со граѓаните, а тие сакаат парите да бидат инвестирани во проекти кои што ќе им бидат корисни.
Во изминтите три години покажавме
дека може и поинаку. Дека сме свесни за потребите и ги решаваме без лажен сјај, кич и манипулација.
Со поддршка на Владата, овде
во општина Гази Баба се гради инфраструктура на која граѓаните чекаа со децении. Веќе се подготвува техничка документација за реконструкција и изградба на патната инфраструктура во Хиподром, Ќерамидница и Сингелиќ. Заедно со локалната самоуправа, се реконструирани
67 улици, изградени се 8 паркинг простори, пешачки патеки во должина од над 10.000 метри, канализација во Јурумлери, во Трубарево, во новата населба Хиподром 2, изготвен е ГИС систем на општината. Е така се работи за граѓаните!
Ќе продолжиме со уште посилна
динамика, се посветуваме на развојот, рамномерно на целата територија на државата.
Инвестираме во комуналната
инфраструктура за да обезбедиме подобри услови за работа и на компаниите во индустриските зони и да ја заштитиме животната средина.
Социјал демократскиот сојуз
покажа дека може да ги менува работите на подобро дури и кога почнува од минус. Така беше пред три години, но направивме разлика и ќе продолжиме да работиме со уште посилно темпо и подобри резултати. Продолжуваме, со победа на 15 ти, зашто Можеме и уште подобро
и уште повеќе!