Соопштение за јавност
Вечерва на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ Шекеринска рече дека целата влада беше и е фокусирана на санирање на штетите кои произлегоа од корона кризата.
Во изминатиов период се трудевме парите да не седат во Скопје, да ги пуштиме меѓу граѓаните.
Во екот на најголемата коронакриза само во овој период околу 10 милиони евра во регионов ги пуштивме и ги дадовме на фирми за да не отпуштаат вработени.
Над 300.000 граѓани користат кредитни картички со кои можат да купат храна, текстил да ги платат основните работи единствениот услов е тоа да биде тоа наше домашно производство за да им помогнеме и на тие што купуваат и на тие што произведуваат.