fbpx

Лукаревска во Куманово: Градиме европска држава во која грижата за луѓето e на прво место, во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ние покажавме каква држава сакаме-модерна, праведна, држава која ќе дава шанса и која се грижи за секој свој граѓанин. Градиме европска држава во која секој граѓанин ќе може да живее од сопствениот труд, а грижата за луѓето e на прво место. Во следниот мандат обезбедуваме уште поголема социјална поддршка за граѓаните, рече носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска.

-11 години ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со социјалната помош, ја држеше на недостоинствен минимум и ја злоупотребуваше. За три години, СДСМ социјалната помош ја зголеми за 300 насто, а во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства. Го решивме и проблемот со стечајците, 12.000 стечајни работници обезбедуваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари, рече Лукаревска.

-Дополнително се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и покрај стечајците картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа. Парите се враќаат кај граѓаните, градиме држава која е праведна и правна, за сите. Затоа почитувани граѓани, вашата иднина и иднината на вашите деца не оставајте друг да ви ја решава, да излеземе на избори, затоа што заедно Можеме и уште повеќе и уште подобро.

Последни вести