fbpx

Спасовски на флија во Липково: Социјална помош за плус 34.000 домаќинства, детски додаток за 65.000 деца, 777 социјални станови, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се опција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбите со жители од Матејче, Ваксинце, Опае и во липковско ја потенцираше силната посветеност на рамномерниот региоионален развој и на развојот како на градските така и руралните средини и на грижата за сите граѓани.

-Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти и продолжуваме, ќе има повисока социјална помош за 34.000 домаќинства. Над 33.000 деца во училишна возраст примаат детски додаток и продолжуваме со детски додаток за 65.000 деца. Најавуваме изградба на 777 социјални станови низ целата држава. Ние се грижиме за потребите на луѓето, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат за потребите на Никола Груевски, ги поделија луѓето и владееја со страв, режим и крадење, рече Спасовски, а ние градиме и ги насочуваме парите кај граѓаните.

Тој посочи дека во овој регион, за патна инфраструктура, централната власт има вложено 6 милиони и 100 илјади евра за патот Опае – Балаковце – Станчиќ – граница со Косово и за рехабилитација на регионалниот пат Матејче Липково.

-За 12 проекти за рамномерен регионален развој одделени се 101 милион 908 илјади 294 денари за: изградба на фекална канализација село Отља, општина Липково, за фекална канализација с.Ваксинце, фекална канализација село Матејче, за подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, нешто за што ДУИ имаше можност 11 години, но не го направија.

-Се грижиме за сите, тоа граѓаните го препознаваат, ја имаме поддршката од сите и затоа заедно продолжуваме по правиот пат. Заокружете 3 на 15.јули зс да продожи грижата за сите, повика Спасовски во Липково.

Жителите го пречекаа Спасовски со флија, традиционално јадење за нивната средина, како знак на почит.

 

Последни вести