Соопштение за јавност
На темите ЕУ и НАТО ако го споредите нашиот резултат со резултатот на ВМРО ДПМНЕ не можете тоа да го направите оти нема резултат значи ВМРО ДПМНЕ во 11 години успеа само она што го оставивме во 2005 кандидатскиот статус да го зачува до крај пак да ни го даде. ВМРО-ДПМНЕ не направи ништо, ни еден чекор, ни на тема НАТО ни на тема ЕУ, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија.
Покажавме дека знаеме да ги решаваме стратешките прашања, во иста година имаме членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, но јас не мислам дека темите НАТО и ЕУ се главниот резултат, главниот резултат на оваа Влада е што во 2,5 години ставивме темел на една нормална држава која има шанса за успех и тие темели се неколку, истакна Шекеринска.
Едно е дека престанавме дома да си играме со националистички договорени игри. Покажавме дека тоа едно општество за сите може да биде подобро општество за сите, рече Шекеринска.
Второ е членство во НАТО, најмоќна воено политичка алијанса. 4 милијарди евра пазар за наши компании кои можат да го искористат, истакна Шекеринска, додавајќи дека следно се преговори со ЕУ, 2,5 милијарди евра за поддршка во следниот период ако знаеме паметно да ги искористиме и европски реформи кои што нешто значат.
Има ли некој што сега се плаши да ја критикува власта, сите се гласни, а владата реагира со аргументи и прифаќање на сугестиите, никој не шепка, рече Шекеринска.
Петто е концептот парите кај граѓаните е концепт кој дава резултати, ако имате повисока плата, повисока пензија, ако не плаќате радиодифузна такса, ако имате евтина тарифа на струјата, ако граѓаните добиваат поврат од ДДВ, ако се укинати стари сметки за кои порано гонеа извршители, рече Шекеринска, нагласувајќи дека тоа се петте темели, резултати, кои не можат да ги премолчат ни најголемите критичари.
Во следните 4 години со НАТО, со ЕУ, со стабилна држава ние можеме реално да ги решаваме многу од напластените проблеми. Ја бараме довербата на граѓаните, но реално имаме резултати кои можеме да ги покажеме. Ја бараме довербата во име на тие резултати, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во петата изборна единица, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.