fbpx

Спасовски од Куманово: Тие овде за 11 години 7 километри пат, ние за 3 години над 159 километри, носиме важна одлука, да избереме сигурност со СДСМ и крај за опасноста од обновениот режим што го сака ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево е на средби со граѓани во Куманово. Тој посочи на огромните разлики во начинот на којшто Влада што ја предводи СДСМ се грижи за граѓаните и тие со тоа се на сигурно и однесувањето на ВМРО-ДПМНе кога се на власт, кои се грижат само за себе и се опасност.

„За 11 години власт тие поставија само 7 километри пат во изборната единица 2, а ние за 3 години имаме 159.7 километри нови и рехабилитирани патишта во десетте општини во ИЕ 2“ посочи Спасовски.
Тој побара од граѓаните нов чист мандат за расчистување со остатоците во режимот и за сигурна иднина на граѓаните и на државата.

„Гласот за број 3 значи:

-Сигурен раст на платите н граѓаните, а не да се полнат џебовите на луѓето на Груевски.

-Да го исчистиме судството од корумпирани судии и обвинители, а не Мискоски да ги спасува Камчев и Груевски.

-По НАТО, да продолжиме и во ЕУ, а не тие да го поништат Договорот од Преспа и да предизвикаат нова внатрешна и надворешна нестабилност.

-Одговорни луѓе да продолжат да се справуваат со здравстено економска криза, а не неодговорни како Мицкоски и соработниците да блокираат проекти за вложувања во здраството, да шират паника и да мислат на тендери на штета на здравјето на граѓаните“ рече Спасовски.

Тој повика граѓаните да излезат на гласање на 15 јули бидејки се носи голема одлука за сигурна иднина на државата.

„За да продолжи СДСМ да ја води Владата, мора да излеземе на гласање. Останувањето дома остава можност на власт да се врати Груевски. Носиме голема одлука да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации. Ние сме на потег, да продолжиме со СДСМ за сигурност, бидејки на спротивната страна е режимот што демне да се обнови и е огромна опасност, за животот, за егзистенцитата на граѓаните, за меѓуентничките односи и за државата. Изберете број 3. За сигурност“ порача Спасовски во Куманово.

Последни вести