fbpx

Лукаревска во општина Бутел: Важно е секој да гласа за да продолжиме заедно, Влада на ВМРО ДПМНЕ носи опасност и хаос, ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, покажавме дека се грижиме за граѓаните, покажавме дека знаеме кој е најдобриот пат за државата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Важно е секој да гласа за да продолжиме заедно, Влада на ВМРО ДПМНЕ носи опасност и хаос, ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска.

-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари што е дури 120% повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните 4 години. Најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21%. Наша цел е младите да ги задржиме овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО ДПМНЕ. Го развиваме младинското претприемништво со поддршка од 5 до 15 илјади евра, за отпочнување на сопствен бизнис.

-Градевме едно општество за сите. За нас разликите се задништво. Заедно покажавме дека знаеме и можеме. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно.

Последни вести