fbpx

Мицкоски ги потценува оние што го турнаа неговиот шеф Груевски – тој денес се прогласи за соучесник во „некаков режим”

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност-реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Единствена понуда за која може да зборува Христијан Мицкоски е понуда за обнова на грабежот на народните пари што го приредуваше ВМРО-ДПМНЕ, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија.

Денеска, Мицкоски ги потценува стотиците илјадници граѓани кои не дозволија ВМРО-ДПМНЕ да ја осиромашува и изолира државата и го турнаа неговиот шеф Никола Груевски, денеска Мицкоски се прогласи во соучесник на „некаков режим“.

Обнова на криминалот, поделбите, лажни вести и дезинформации, ископирани мерки, задоцнети ветувања, тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на овие парламентарни избори.

Со таква понуда Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека само пораз во среда, на 15 јули, затоа што граѓаните ќе гласаат за решенија, програма и мерки и нема да дозволат обнова на никаков режим.

Последни вести