fbpx

Заев од Хераклеа: На 15 јули излезете и гласајте за број 3, дајте поддршка за повисоки плати, за 600 милиони евра за македонското стопанство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

„И овде во Битола како и низ другите градови и општини дојдовме да побараме поддршка со аргументи на сите досегашни успеси во овие три години после на, но и за она што ќе го правиме во следниот мандат“, им се обрати претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓаните на Битола на завршната трибина на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

„Бараме поддршка и од Битола и од цела држава, бараме поддршка за минимална плата од 20.000 денари, за просечна плата од 34.000, поддршка за сите пензии да растат согласно платите во државата. Бараме поддршка за 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, и 900 километри локални патишта. Бараме поддршка за 600 милиони евра финансиска поддршка за македонското стопанство, за 200 милиони евра годишно за субвенции и рурален развој и 100 отсто зелена нафта за земјоделството. Бараме поддршка за зголемување на платата во здравството за 10 отсто секоја година“, порача Заев пред граѓаните.

„Покажавме дека знаеме и умееме, затоа на 15 јули дајте поддршка за бројот 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за на нашите деца да им оставиме повеќе отколку што нам ми оставиле нашите родители, за да покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро“, заклучи Заев.

Последни вести