Царовска гласаше во Влае: Во фер и демократска атмосфера ќе го избереме новото парламентарно мнозинство

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Изјава по гласње на носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 1, Мила Царовска

Носителката на кандидатска листа во ИЕ 1 и поторетседателка на СДСМ Мила Царовска на пладне гласаше во градинката Пролет во Влае. Царовска по остварувањето на уставно загрантираното право изјави дека изборите течат во мирна и демократска атмосфера и очекува да победи Коалицијата “Можеме”.

“Со гласањто секој од нас може да избере кој може понатаму да ја види државата и во поматамошнито справување со Ковид 19 и во процесот на пристапување кон ЕУ. Сметам дека ние како политичка партија и во текот на оваа изборна кампања навистина покажавме што значи да се има една современа и урбана кампања во којашто се почитуваат протоколите, но истото го увидов и на глсачкото место. Очекувам дека во фер и демократска атмосфера овој пат ќе го избереме парламентарното мнозинство и понатаму ќе имаме функционални институции коишто ќе се справуваат со сите предизвици во државата”, изјави Царовска.