Изјава по гласање на носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 4, Соња Мираковска
Денеска во посебни услови грѓаните го користат своето уставно загарантирано право да изберат нов парламент.
Овие избори се исклучително важни затоа што на нив ќе одлучиме во кој правец ќе се движи државата следните четири години. Кој ќе се грижи за здравјето на граѓаните и кој ќе ја носи земјата во евроинтеграции.
Во оваа кампања граѓаните имаа прилика да препознаат кој е вистинскиот концепт. На една страна е концептот кој Македонија ја води во евроинтеграции, кој ја штити демократијата, го става човекот во центарот на вниманието. И сосема друг концепт на другата страна, кој не е јасен и за кој не се знае дали ќе ги врати мрачните сили од минатото.
Верувам дека граѓаните за себе, за своите деца, за своето здравје ќе ја донесат вистинската одлука и ќе одлучат Македонија во следните четири години забрзано да оди кон Европа, кон благосостојба и кон сигурно здравје.
Верувам дека ќе одиме уште подобро и уште посилно во следните четири години и дека ќе обезбедиме брза интеграција на земјата во Европската Унија и дека ќе обезбедиме безбедно здравје и благосостојба на граѓаните.