fbpx

Николовски: Имавме демократски и слободен спроведен изборен процес, очекуваме сигурна победа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, победа на нашиот концепт што води напред, кон развој и интеграција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3

 

Вечерва од прес центарот на коалицијата „Можеме“, непосредно по затворање на гласачките места, прес-конференција одржа шефот на централниот изборен штаб и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски. Во продолжение интегрален текст од пресот:

„Во име на Централниот изборен штаб на коалицијата „Можеме“, добредојдовте во прес центарот од каде вечерва ќе ги следиме изборните резултати.

Денеска имавме мирен, достоинствен и здравствено безбеден изборен ден. Како што впрочем доликува на една слободна, демократска држава, членка на НАТО и следен преговарач со ЕУ.

Им благодарам на сите граѓани кои излегоа денеска да гласаат почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот и го дадоа својот придонес кон развојот на нашето демократско општество.

Чинот на гласање е наша одговорност пред иднината, но и наш влог во демократскиот процес и напредок.

Сведоци сме на демократски и професионално спроведен изборен процес. Треба да бидеме горди на тоа.

Во овие вонредни околности, уште еднаш потврдуваме дека нашите институции можат да се носат со сите предизвици, да ги заштитат граѓаните и да го обезбедат слободен, фер и демократски процес.

На членовите на избирачките одбори, избирачките комисии, на припадниците на полицијата, на медицинските работници и сите останати им благодариме.

Наскоро очекуваме да пристигнат и првичните резултати од избирачките места.

Со право очекуваме резултатите да ги потврдат бројните анкети и расположението на кое сведочевме во текот на кампањата.

Очекуваме сигурна победа на СДСМ, сигурна победа и чист мандат за Коалицијата „Можеме“.

Победа на нашиот концепт што води напред, кон развој и европска интеграција.

Уште еднаш, им благодарам на граѓаните, на институциите за тоа што целокупниот изборен процес вклучително и денешниот изборен ден мина во најдобар ред.

Очекувам дека и другите политички субјекти ќе честитаат за успешно спроведениот изборен процес.“

Последни вести