fbpx

Заев и Спасовски на средби со жители на Стајковци: Правично се грижиме за сите, тоа носи сигурност, продолжуваме заедно по правиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и потпретседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 2, Oливер Спасовски, се на средби со жители во селото Стајковци, кое припаѓа на скопската општина Гази Баба во оваа изборна единица.

На средбите беше нагласено дека СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани и дека тоа носи сигурност во државата.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски, разговараа со жители чии домови беа погодени од поплавите во 2016 година. Тие и денес зборуваат за пружената помош и солидарност од страна на претседателот Заев, носителот на листа Спасовски, сегашниот градоначалник Борче Ѓеоргиевски, СДСМ и ги нагласуваат вложувањата во општината Гази Баба во последниве две ипол години.

„Се грижиме правично за сите затоа што ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата и овде во Гази Баба, а можеме и уште повеќе и уште подобро, но мора да продолжиме по правиот пат што овозможува социјална и економска сигурност. По НАТО, ги почнуваме интеграциите и во ЕУ, а тоа носи и 2.5 милијарди евра пари од европските фондови за модерни патишта, водоводи, канализации, за европско земјоделство. Овозможивме сигурна и насочени сме кон правичност и правда“, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.

Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.

Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.

„Вложуваме во сите средини подеднакво и во урбаните и во руралните средини, го знаете тоа вие овде во Стајковци. Сакаме децата да имаат квалитетно предучилишно образование и затоа вложуваме во градинки. Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес“, рече Спасовски.

На средбите беа споделени информации за вложени 1.920.000 евра за патна структура во општината Гази Баба, реализирани 2 проекта за водовод и канализација и 8 коишто се во тек, за вложени 12.543.248 денари за проекти за регионален рамномерен развој, за 4 реализирани проекти за градинки, 5 за образование, за доделени по 10.000 евра на тројца млади земјоделци, преку истоимениот проект. Определени сме кон сигурност, правичност и правда и можеме заедно уште повеќе и уште подобро, констатирано е на средбите на претседателот Заев и на носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски во Стајковци.

Последни вести