fbpx

Заев: Очекувам Чулев да ги повика Камчев и Мицкоски на сослушување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ кога поседуваше докази ги објавуваше јавно и ги достави до надлежните институции, ако и во иднина имаме докази ќе го сториме истото, денес, ние продолжуваме да водиме исклучително позитивна кампања, истакна денеска претседателот Зоран Заев во одговори на новинарски прашања.

Претседателот Заев посочи дека го следи случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и истакна дека техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев овој случај сака да го прикаже во поинакво светло заради политички цели.

Внимателно ги следам сите развои на настаните од ваков аспект заради тоа што Ден Дончев беше директор на Фондот за здравствено осигурување. Јавното обвинителство води истрага на еден од поранешните, сегашните, сопственици на Диамед, а секако има истрага и за Диамед, а начинот на кој Чулев сака тоа да го прикаже е секако е нешто што е заради политички цели. Обвинителството дава налог некој да биде повикан, да биде сослушан, да биде изведен пред истражен судија. Министерот Наќе Чулев тоа го прави заради политички маркетинг. Но кога веќе тргнаа со вакви решенија и од она што го слушнавме денеска, очекувам да го викнат и господинот Мицкоски и господинот Орце Камчев, баш по истите аршини за сослушување како што тоа го направија со Ден Дончев, посочи Заев.

Во однос на прашањето за реформите во правосудството, претседателот Заев истакна дека Владата и парламентарното мнозинство во последните три години направија сериозни реформи во судството, но во тој дел се уште има предизвици и простор за напредок.

„За да може да очекувате правно практикување на законите што ги донесовме мораше некој да ги донесе законите да ги изработи, тоа го направи владата а парламентот ги донесе. Останува практично имплементирање на законите затоа испорачуваме јавно очекување од нас и сите граѓани дека судиите мора да бидат независни да судат транспарентно да судат правично да судат етички и да судат ефикасно. Затоа, прочистувањето на правосудството претстои како процес кој што е различен од ветингот затоа што ветингот беше распуштање на правосудството за што не добивме согласност од Европската унија со право секој судија да се кандидира. Овде имаме целосна контрола и проверка на имотот, потекло на парите на самите судии и обвинители и други вклучени во правосудството имаме проверка на предметите во последните пет години најмалку пет проценти од пресудите ќе се прочешлаат согласно што ќе се утврди дали некој правел махинации дали имало влијание дали намерно застарувал предмети и затоа мораме на тој начин да направиме едно јавно транспарентно фокусирање на сите ако сакаме да имаме во пракса владеење на правото. Владеење на правото и тоа како е веќе видливо во сите овие изминати години но луѓето очекуваат ефикасна и брза правда очекуваат транспарентни брзи постапки, очекуваат виновните да си одговараат пред судовите а сите оние кои што се невини да бидат ослободени.

Последни вести