fbpx

Заев од Центар: И по 15 јули продолжуваме на правиот пат, заедно ќе постигнеме уште повеќе, уште подобро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓански собир во општина Центар, Скопје, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 1, Никола Димитров и Мила Царовска.

„Центарци ви се поклонувам! Центар бил слободарски и тогаш кога сите други шепотеа. Се почна од Центар. Од Центар ја дочекавме слободата низ целата земја. Центар и денес кога живее во слобода и демократија е најгласен, е најкритичен, е најсериозен коректив на нашата земја. И поука и лекција сте за сите други граѓани, и од Скопје и од цела Македонија а посебно за младите луѓе кои ги учиме уште да ја живеат слободата и демократијата”, рече Заев.

Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во првата изборна единица и порача дека тимот предводен од Никола Димитров и Мила Царовска, ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица, додавајќи дека изборите на 15 јули се важни за да добиеме фунцкионални институции, за да продолжи напредокот.

„Имаме задача да поставиме функционални институции, за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење, со огромна поддршка од демократскиот свет, да правиме скокови за унапредување на животот и да го направиме животот поквалитетен. Мораме и по 15 јули да останеме на правиот пат, на есен ќе го имаме корона вирусот, но пред тоа ни треба влада и парламент. Ни требаат институции. На изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ќе ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести