На седница на Извршниот одбор на СДСМ, владејачката партија утврди 30 имиња на кандидати за градоначалници со кои ќе настапи на локалните избори предвидени за октомври годинава. Ние сме фаворити на претстојните избори, граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен напредокот во секоја општина, дека само со СДСМ иднината на државата е во сигурни раце.
„До СДСМ беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата. Големиот интерес е доказ дека вистинските политики на СДСМ и работата за граѓаните е препознаена, и уште еден показател дека навистина сме фаворити на локалните избори“, изјави претседателот на партијата, Зоран Заев.
Следните имиња на кандидатите за градоначалници на СДСМ треба да бидат објавени на почетокот или во првата половина на август, додека третата група ќе биде позната до крајот на наредниот месец.