Парламентарното мнозинство ги усвои измените во Законот за додадена вредност. Со нив, ДДВ за струјата, од 18, се намалува на 5 проценти, со што сметките на граѓаните нема да бидат зголемени.
СДСМ ја информираше јавноста веднаш по законските интервенции: „Успеавме да ги донесеме овие измени кои ќе спречат поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и со тоа да ги заштитиме семејните буџети од зголемување на цената на електричната енергија и покрај обидите за блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ“
Од Регулаторна комисија за енергетика ја поздравија искажаната политичка волја, со која се прифати и имплементира решението на РКЕ за намалување на ДДВ на електрична енергија за домаќинствата.
Инаку, СДСМ потсети дека за време на мандатот е вратена дневната евтина тарифа за струјата и Владата континуирано вложува во нови, еколошки и обновливи извори на електрична енергија со што ја штитат животната средина.