fbpx

Награди за храбрите, казни за пироманите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Луѓето кои со натчовечки напори се борат со бројните пожари низ земјата ќе бидат наградени за својата посветеност и пожртвуваност. Тие ставајќи го својот живот во опасност се борат со огнените јазици со цел зачувување на безбедноста на граѓаните. Од друга страна најстрого ќе бидат казнети подметнувачите на пожари, со цел да се спречат вакви катастрофи во иднина. До сега МВР има приведено петмина кои ги води како подметнувачи на пожарите. Ќе се проверува дали во нивното злодело има политичка позадина.

И во ваквите тешки денови за целата држава, се појавуваат политички структури што се обидуваат да печалат ситни политички поени врз несреќата на граѓаните. Северна Македонија ќе се избори и ќе победи и против овие пожари, но бесрамните обиди за печалење политички поени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, при вакви несреќи, ќе останат запаметени.

Заедно со сите пожарникари, војници, полицајци и доброволци, како и со безрезервната поддршка од нашите сојузници и пријатели ќе се избориме со пожарите. Потоа ќе следува посветување на санирање на последиците, покривање на штетите, пошумување, но и системски промени за да се спречат вакви проблеми во иднина.

Јасно е има недостаток на пожарникари во дел од службите, но во изминатите четири години континуирано се работи на подобрување на капацитетите на противпожарните бригади и набавка на нова опрема. Опозицијата, за жал, ги критикува и полемизира инвестициите во противпожарните бригади, додека тие трошеа милиони на споменици.

Последни вести