fbpx

ВМРО-ДПМНЕ секогаш се обидува да профитира одкризите, овој пат од пожарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Очајниот Христијан Мицкоски никако да извлече поука од минатото и ги повторува грешките, овој пат обидувајќи се да добие политички поени од пожарите кои ги загрозуваат домовите на граѓаните. Без грам совест и чувство за одговорност, Мицкоски ги омаловажува напорите на институциите, противпожарните екипи, армијата и полицијата кои прават натчовечки напори во борбата со огнените стихии.

Наместо да помогнат, ВМРО-ДПМНЕ по стариот рецепт се обидуваат да саботираат и дрско да ги злоупотребуваат личните и семејните трауми и загуби на граѓаните, како и огромните штети со кои се соочува Северна Македонија.

Ниту една опозиција досега не паднала вака ниско, манипулирајќи и сеејќи страв во моменти кога целиот систем и сите надлежни институции се активни во справувањето со пожарите. Меѓутоа граѓаните знаат да препознаат кој работи за заштита на нивната безбедност, а кој се обдува да извлече ситни политички поени од трагедија и затоа на следните локални избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени.

Пожарите се уште една шанса за Мицкоски да покаже дека интересите на граѓаните и на државата мора да се пред личните и партиските, но останува фактот дека тој и понатаму не води сметка за јавниот интерес и за јавното добро.

Последни вести