fbpx

Мицкоски се фали со стари фотографии, Вучиќ не го удостои ниту со збор во јавноста

Facebook
Twitter
LinkedIn

Мицкоски преку социјалните медиуми се пофали дека се сретнал со спрскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ, притоа објавувајќи фотографија стара повеќе од две години на која се сликани двајцата. Од друга страна, партијата на Вучиќ, ниту неговиот претседателски кабинет не објавија ниту еден збор за средбата со лидерот на македонската опозиција.

Мицкоски како да е одреден секогаш да биде втор, па задоцни со искажување поддршка на иницијативата „Отворен Балкан“. Откако регионалната соработка беше промовирана од страна на лидерите Заев, Вучиќ и Рама, тој после цела недела се сети дека нешто се случува на Балканот и дека државите се поврзуваат за да им овозможат на граѓаните полесна комуникација, напредок и подобра иднина.

Изгледа ПР тимот на опозициската партија и Мицкоски не ги следат случувањата во земјава и регионот или забораваат дека некој друг е промотор на големите идеи за поврзување на народите и за отворање на Балканот.

Последни вести