fbpx

Градот Скопје во последните 4 години набави 130 комунални возила и автобуси

Facebook
Twitter
LinkedIn

На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, Градот Скопје направи презентација на комуналните возила и автобуси кои во последните четири години се набавени за потребите на јавните градски претпријатија.

Скопјани можеа да видат возила за јавен транспорт, како и различна механизација за одржување на јавното зеленило, за подигнување на комуналниот отпад, за одржување на водоводната на канализационата мрежа, за одржување на сообраќајните површини и механизација за потребите на Бригадата за противпожарната заштита на Град Скопје.

„Денес претставуваме дел од набавената механизација за градските јавни претпријатија. Велам, дел, затоа што најголемиот скопски паркинг е премал за да ја прими целокупната механизација која ние како Град Скопјеи како јавни претпријатија усепавме да ја набавиме во овој, скоро четиригодишен период со цел да го подобриме квалитетот на услугите на градот и да покажеме и докажеме што е всушност приоритет во трошењето на градските буџетски средства“- рече градоначалникот Шилегов при презентацијата.

Последни вести