fbpx

СДСМ останува отворена и демократска партија – објавен јавик повик за самокандидирање на советници

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ и на овие локални избори покажува дека е демократска и отворена партија, која инклузивно ги вклучува сите граѓани кои сакаат да се вградат во кадровската понуда на партијата и да дадат свој придонес во развојот на државата.

Со цел да се понуди најдобрата кадровска и програмска понуда, преку јавен повик се овозможува да се самокандидираат граѓаните, кои не се членови на СДСМ, но ги споделуваат демократските, слободумните и социјалдемократски вредности, а се заинтересирани да станат кандидати за членови на Советот во општините и Градот Скопје.

„СДСМ е инклузивна партија која постојано се модернизира и е отворена за нови идеи и енергија. Тоа претставува додатна вредност на нашата понуда, на нашите политики, што е само во интерес на граѓаните“

Сите заинтересирани кандидати можат до 25 август да достават до централата на СДСМ, биографија, мотивациско писмо, изјава за прифаќање на Етичкиот Кодекс на СДСМ и изјава за прифаќање на обврски за член на Совет во Град Скопје и општините.

Последни вести