fbpx

Владата се грижи за најмалите, се делат таблети за учениците од социјално ранливи семејства

Facebook
Twitter
LinkedIn

За четвртоодделенците што потекнуваат од семејства во социјален ризик, Министерството за образование и наука набави и дистрибуира десет илјади таблети, од кои уште во првиот ден се подигнати околу три илјади уреди. Со набавувањето на оваа опрема училиштата се подготвуваат за новата учебна година, со која во практика започнува и имплементацијата на новата образовна Концепција за основно образование.

„Со новата Концепција се предвидува осовременување на образовниот процес, односно учениците од прво и четврто одделение ќе учат по целосно нови наставни програми и од нови материјали за учење, чија подготовка е во завршна фаза. Во наставата во четврто одделение, новина е што предност ќе се даде на дигиталните учебници, кои ќе бидат само една алатка повеќе за успешно совладување на материјалот“ информира Владата, додавајќи дека токму од таа цел се набавени таблетите за ученици од социјално ранливи семејства.

На овој начин се овозможува еднаков пристап на сите ученици до користење на современи средства за учење, односно се дава можност при учењето мултимедијалните алатки да ги користат и учениците кои поради финансиски потешкотии тоа не можеа да си го дозволат порано.

Последни вести