fbpx

ФИТР го објави најобемниот повик годинава, продолжува да се инвестира во иновации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фондот за иновации и технолоши развој објави повик тежок осум милиони евра, за кофинансирање грантови за комерцијализација на иновации, на кој ќе може да се аплицира до 15-ти октомври. Станува збор за најголем јавен повик на ФИТР годинава според обемот на обезбеден буџет за кофинансирање, а максималната поддршка за проектите ќе биде 20 милиони денари.

„Ги повикувам и охрабрувам сите стопанственици, млади луѓе, кои имаат идеи за развојни проекти, да се пријават. Јавниот повик е одлична шанса да ја забрзаме динамиката на вашите идеи, да го унапредите производството, да ги зголемите асортиманот, продуктивноста и продажбата, а со тоа да придонесете за креирање уште подобро економско опкружување во земјава“ истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Услов е и годишните приходи на апликантот да не надминуваат десет милиони евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години“ додаде директорот на ФИТР, Коста Петров.

Инаку, изминатите три години, само преку инструментите за комерцијализација на иновациите и за подобрување на иновативноста, се поддржани 198 проекти или околу 30 проценти од вкупниот број, а за нив се издвоени 28 милиони евра или 66,3 проценти од доделените 42 милиона евра.

Последни вести