Деструктивноста на опозициските партии повторно се покажа на виделина. Користејќи ги блокадите во Собранието, овојпат партијата Левица реши во заложништво да држи 40 илјади граѓани, на кои им се истечени личните карти.
„За жал законот е блокиран од Левица со амандмани иако БЕСА беше доволно флексибилна да го поднесе амандманот со одложено дејствие од 2023 за етничката определба на граѓаните во личните карти очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање. Со оваа блокада патат и плачат граѓаните“ истакна премиерот Заев, уверувајќи дека овие лица нема да бидат оставени на цедило.
Владата успеа да ја надмине пречката и печатењето и издавање на лични карти продолжи без проблеми, откако беше донесен подзаконски пропис во согласност со Законот за лични карти и Законот за употреба на јазиците. Во меѓувреме, Владата успеа да постигне и договор со Македонската банкарска асоцијација, па така, беше решен проблемот и со блокираните сметки на илјадници граѓани со истечен документ, а банките и штедилниците ги прифаќаат за важечки поднесените барања до МВР за издавање нова лична карта.
„Колку и да блокираат, ќе направиме се за да не трпат граѓаните“ изјави премиерот Заев.