fbpx

Економскиот тим на Заев држи лекции и во пандемија – нови странски инвестиции во вредни 15 милиони евра во ТИРЗ,високи плати и нови работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Економскиот тим на Владата на чело со Зоран Заев продолжува да држи економски лекции. Дури и за време на пандемијата со „Ковид-19“, државата продолжува да бележи одлични резултати во привлекувањето на странски инвестиции и раст на економските активности на постојните инвеститори во технолошко индустриските развојни зони, што резултира со најави за повисоки плати и нов инвестициски циклус.

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растото на платите беа фокусот на разговорите на директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски и претставници на компаниите Кемет, АРЦ и Гересхајмер. Деспотовски го презентираше новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори. Компаниите изразија задоволство од новите предлози и истовремено најавија конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати.

„Со новиот модел на државна поддршка целта ни е да се привлечат инвестиции во повисок квалитет. Дополнително, заедно со компаниите ќе работиме и на креирање на прграма за развој на вештини што ќе треба да доведе до забрзан раст на платите. Она што особено охрабрува е што компаниите во зоните и во време на криза имаат раст на вработеноста од речиси 1%, а се очекува трендот на раст да продолжи“, изјави Деспотовски

Во најава е старт на инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Предвидени се и повеќе инфраструктурни зафати, меѓу кои и физичко поврзување на зоните ТИРЗ 1 и ТИРЗ 2 во Скопје.

Последни вести