fbpx

Премиерот Заев прв демонстрираше европска солидарност кон бегалците од Авганистан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Премиерот Зоран Заев уште еднаш покажа дека Северна Македонија е промотор на највозвишените европски вредности за солидарност и хуманост. Најважно од се’ што како земја членка на НАТО Алијансата покажавме свесност дека освен права имаме и обврски.

„Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан.Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи.“, соопшти Владата.

Првиот човек на влијателната американска НВО посветена на унапредување на демократијата во светот – Националниот Демократски Институт (НДИ) веднаш го поздрави премиерот и неговите заложби за прифаќање цивили од Авганистан кои својот живот го посветиле на мирно и мултиетничко општество со еднакви права за сите.

„Таквото лидерство и солидарност е она што се бара во време на криза“ порача Мичел.

Благодарност стигна и од поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, која се заблагодари на земјите кои се согласија да дадат засолниште на нашите сојузници од Авганистан, особено жените и децата.

Последни вести