fbpx

Ни Мицкоски не верува во понудата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите, наместо нови луѓе повторно кандидидати од режимот на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дури ни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не верува во понудата на неговата партија за престојните локални избори, составена од имиња кои имале државни и локални функции за време на режимот на Никола Груевски.

Иако од опозициската партија, новите имиња се обидуваат да ги претстават како нови и свежи, повеќето од нив имале државн и локални функции за времето на режимот на Груевски со што се потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков нов концепт „Македонија за сите луѓе“, туку повторно таму владеат луѓето на Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ се свесни за новиот пораз во главниот град, а дека се откажуваат и од Општина Центар говори и фактот што таму поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер.

Граѓаните знаат да го препознаат ова и знаат која е опцијата која ја има најдобрата кадровска и програмска понуда. Токму затоа на изборите во октомври, СДСМ ќе избори нова изборна победа и ќе нанесе уште еден тежок пораз на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести