fbpx

Национализмот на ВМРО-ДПМНЕ им носи изборни порази, Мицкоски како Груевски, никогаш не се обраќа кон сите етнички заедници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Национализмот на ВМРО-ДПМНЕ постојано го води во изборни порази, оцени претседателот на СДСМ, Зоран Заев, прашан за коалицирањето на партијата предводена од Христијан Мицкоски со Алијанса за Албанците за претстојните локални избори. Тој вели дека етноцентричните политики не се добри за никого и изрази сомнеж дека ќе биде успешна коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за претстојните локални избори, бидејќи Мицкоски и онака никогаш не се обраќа кон сите етнички заедници во земјава.

„Јас ќе искористам една убава реченица кажана од една паметна жена, во мултиетничките средини политиката, животот и работењето е како возење велосипед, и ако престанете да ги вртите тркалата тогаш ќе паднете, значи мора постојано да ги вртите. Јас се надевам дека Мицкоски ќе се качи на велосипед и ќе тргне конечно да ги врти тркалата. За жал се уште тој не е спремен и јас очекувам граѓаните да се изјаснат согласно севкупните перспективи, свои и за своите општини и да ја изберат најдобрата понуда која ја имаат на располагање“ рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека не очекува поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за кандидат за градоначалник на Алијанса за Албанците, но и дека симпатизерите на Зијадин Села ќе дадат поддршка за кандидат на партијата предводена од Мицкоски.

Последни вести