Континуираните и редовни сообраќајни контроли по патиштата низ републиката ги даваат посакуваните резултати. Забележано е намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди од 19 во август минатата година, на пет во август оваа година.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, сепак истакна дека ова не е доволно и дека потребно е воспоставување на систем што ќе функционира од првиот момент, преку образовниот процес, па се до полагањето за возачки испит со цел да се едуцираат и децата и граѓаните за тоа како треба да се однесуваат во сообраќајот.
„Нашите активности даваат ефект и имаат резултат, иако ова што го правиме не е доволно и треба да се развие системот повеќе“, кажа Спасовски.
Од МВР информираат дека ова е сериозно намалување на сообраќајките, но дека ќе продолжат со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикаа сите граѓани заеднички да обезбедат безбедни патишта.
„2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, вели портпаролот на Министерството.