fbpx

Со почитување на протоколите училиштата ќе останат отворени – се грижиме за менталното здравје на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во присуство на владини претставници и локалните власти, како и на учениците кои се вратија во училишните клупи, а претходно ја следеа наставата онлајн поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, се одбележа започнувањето на новата 2021/2022 учебна година. Министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека во најголем интерес на сите ученици, со тоа и во најголем интерес на иднината на државата, е учениците да ја следат наставата со физичко присуство.

„Ако сите ги почитуваме протоколите и се грижиме за своето здравје и за здравјето на нашите најблиски, тогаш навистина имаме можност да одржиме континуитет на наставата со физичко присуство, а притоа да го заштитиме јавното здравје“, истакна Царовска.

Учебната година ја започнуваат околу 187.000 основци и 70 илјади средношколци.

„Не треба да се обесхрабруваме од случаите на ковид позитивни во училиштата на почетокот на школската година, тоа е очекувано и неизбежно во ситуација на светска здравствена криза. Нормализацијата на состојбата која сите ја посакуваме е можна само со доследно почитување на пропишаните мерки, што помасовна имунизација и грижа за општото добро“, порачуваат епидемиолозите.

Последни вести