fbpx

Еврокомесарот Вархеји порача дека ЕУ не смее да не изневери, словенечкото европретседателство со силна поддршка за македонските евроинтеграции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Словенечкиот претседател Борут Пахор на средбата со премиерот Зоран Заев го афирмираше ставот на неговата земја дека Словенија го поддржува европско проширување со земјите од Западен Балкан и очекува, со посредство и поддршка на словенечкото претседателство, да се најде прифатливо решение за блокираниот процес за интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

По средбата беше пренесена пораката дека Словенија и цела Европа поддржуваат решение на предизвиците меѓу Бугарија и Северна Македонија и дека словенечкото претседателство е можност која треба да се искористи за наоѓање решение.

Премиерот Заев се сретна и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, а заедничката констатација е дека нема простор за други опции освен европски Западен Балкан и дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите час поскоро.

„Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми за Западен Балкан. Имаме свеж пример – Авганистан. Авганистан е далеку, но Западен Балкан е тука. Нашата одговорност кон Балканот е поголема отколку кон Авганистан. Не можеме да си дозволиме да го изневериме Западен Балкан“, заклучи Вархеји.

Последни вести