fbpx

Владата заедно со НАТО сојузниците се грижи за безбедноста на земјава, а наша должност е да помогнеме на цивилите од Авганистан

Facebook
Twitter
LinkedIn

Солидарноста и сочувството на нашиот народ се покажаа посилни од омразата која периодов засилено беше насочена кон бегалците од Авганистан. Наша човечка должност е да помогнеме на луѓе кои ја напуштиле својата земја соочени со директна животна опасност и не смееме да отстапиме од тој принцип поради лажни или тенденциозни информации поврзани со ова прашање, велат од Владата на Република Северна Македонија.

Владата потенцира дека води особена грижа за да се исклучат сите можни ризици и токму затоа Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи во соработка со партнерските служби на нашите НАТО сојузници извршиле темелна безбедносна проверка на овие цивили, кои работеле во медиуми, невладини организации и амбасади.

„Како што во континуитет информираме, авганистанските бегалци во земјава ќе останат привремено, а трошоците за нивниот престој се покриени од меѓународни организации. Поради сите овие факти, отворено ги осудуваме настојувањата да се креира атмосфера на ксенофобија и нетолеранција, само за политички да се профитира од трагедијата на овие луѓе“, порачаа од Владата.

Последни вести