Премиерот Зоран Заев истакна дека ги примил и разбира понудените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми како висок морален и етички чин.
Според премиерот, тие демонстрирале интегиритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.
„Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детал причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија“ потенцираше Заев во неговото обраќање.
Тој исто така упати благодарност до сите чинители кои во чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.