fbpx

ВМРО-ДПМНЕ наместо очајно да политизира несреќи нека го научи Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјава на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат со обидите да спечалат некој политички поен на несреќата во Тетово и потврдуваат дека не го знаат Уставот, Деловникот за работата на Собранието, ниту законите.

Колку и да се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Александар Николоски да манипулираат со јавноста, владата предводена од СДСМ постапува според Уставот и доследно ги почитува законите.

Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши времето кога политиката беше над правото, кога пресуди се диктираа по телефон, а институциите се злоупотребуваа.

ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да го оценува работењето на Венко Филипче, кое го саботираше во секоја можна прилика.

Не може да се заборави како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници.

Граѓаните знаат дека недозволивата политизација на трагедијата и неодговорното однесување на опозицијата само потврдуваат колку е голем очајот и безидејноста во Белата палата.

Последни вести