СДСМ потпиша договор за заеднички настап на престојните локални избори со уште 20 други партии, со што се дефинирани соработките на повеќе ниво, заеднички листи и 69 кандидати за градоначалници.
„Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите“ истакнапремиерот Зоран Заев.
Договорот за соработка помеѓу партиите беше потпишан на 8 Септември – Денот на независноста на Северна Македонија, што е одлична симболика која им приличи на државотворните партии.