fbpx

Владата знае што е вистинска политика, остануваме сојузници на САД, голема благодарност за прифаќањето на авганистанските бегалци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Стејт департментот, во соопштение околу програмата за евакуација на авганистанските државјани кои беа под ризик во нивната земја по освојувањето на власта од талибанците, ѝ се заблагодари и на земјава, поради „помошта на различни начини во врска со напорите за евакуирање на Авганистанците кои беа изложени на ризик“.

„Партнерите и сојузниците – вклучувајќи ги Бахреин, Данска, Финска, Франција, Германија, Грузија, Унгарија, Италија, Косово, Кувајт, Холандија, Норвешка, Пакистан, Катар, Шпанија, Швајцарија, Турција, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство, помогнаа во транзитот на Американците и другите на безбедно“ се вели во соопштението на американското министерство за надворешни работи.

„Други земји несебично се понудија да помогнат на различни начини во врска со напорите за евакуирање на Авганистанците кои беа изложени на ризик. Во овие земји спаѓаат Албанија, Бахреин, Канада, Колумбија, Костарика, Чиле, Еквадор, Гвајана, Индија, Кувајт, Мексико, Холандија, Северна Македонија, Полска, Португалија, Катар, Руанда, Сингапур, Уганда и Обединетите Арапски Емирати,“ велат од Стејт департментот.

Оттаму наведуваат дека САД мобилизирале „невиден, глобален напор преку нашите дипломатски канали да ги евакуираат американските граѓани, персоналот од земјите партнери и Авганистанците од Кабул, кои беа во ризик. Севкупно, Америка и нашите партнери евакуираа повеќе од 124.000 луѓе на безбедно, вклучувајќи 6.000 американски државјани“.

Последни вести