Прогласувањето на Шар Планина за национален парк го обезбедува опстанокот на исклучителните ендемични видови.
„Македонскиот дел од Шар Планина е во срцето на оваа прекугранична заштитена област и беше последната алка од балканскиот дел на Европскиот зелен појас со која го обезбедуваме опстанокот на исклучителни ендемични видови. Заедно со останатите природни убавини и заштитени подрачја, Република Северна Македонија се претвора во топ дестинациите за еко-туризам со огромен потенцијал за одржлив развој“, сподели министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во рамките на Светскиот конгрес за конзервација на природата во Марсеј.
Министерот ги сподели и плановите за ова ново заштитено подрачје, како и за предизвиците во прогласувањето на првиот национален парк во земјава по повеќе од 60 години.