Над 187 илјади основци и 70 илјади средношколци со почитување на сите здравствени протоколи во своите клупи, вклучени во образовниот процес ја следата наставата.
Важно е сите доследно да ги почитуваат мерките, бидејќи нема подобра алтернатива од настава со физичко присуство. Преку заштитата на здравјето на ученици и наставниците ќе се обезбеди континуитет на наставата.
Оваа учебна година е важна бидејќи се спроведуваат реформите кои имаат цел да се унапреди целиот наставен процес.
Со нови наставни програми и соодветни материјали за учење, дигитални учебници за учениците од четврто одделение и учебницци со Брајово писмо и во аудио формат за ученици со проблем на видот, новата програма е инклузицна за сите, со цел сите да имаат еднаков пристап до поквалитетно образование.