Како помош за истрагата која ги испитува причините за пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово во кој настрадаа 14 лица се вклучија четворица германски форензичари. Тие пристигнаа со сопствена опрема и задача да откријат како, кога и зошто избуваал пожарот.
Во експертскиот тим, кој е дел од германската Сојузна криминалистичка полиција која работи на национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој се вклучи двајца форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.
Претходно, македонските обвинители издадоа осум наредби за собирање на мтеријални докази и сослушување на очевидци и вработени во болницата.